ОВА Е НАЈДОБРО ВРЕМЕ ЗА ПИЕЊЕ КАФЕ

Иако изгледа најдобро да пиете шолја кафе веднаш штом ќе се разбудите, сепак постои подобро време да го пиете овој пијалок доколку сакате да го искористите во потполност.

Не треба да пиете шолја кафе штом станете од кревет, туку еден час по будењето. Во овој момент, производството на кортизол во телото е на еден од трите врвови во текот на денот, според клиничката студија.

Кортизолот генерално се смета за „хормон на стресот“ затоа што се лачи во големи количини кога чувствуваме стрес или напнатост во околности што ги сметаме за стресни. Но, кортизолот, исто така, може да се смета за „хормон за будење“, бидејќи причината што телото произведува повеќе кортизол кога сме под стрес е да нe разбуди и да не држи будни.

Консумирањето кофеин додека телото е на врвот на производството на кортизол го учи телото да произведува помалку кортизол, велат хронофармаколозите кои проучуваат како состојките на лековите, како што е кофеинот, влијаат на природните биолошки ритми на нашето тело.

Ова не само што го поткопува ефектот на кофеинот, туку и ја намалува ексцитабилноста на кортизолот. Покрај тоа, може да придонесе за развој на толеранција на кафе, што значи дека ќе ни треба се повеќе и повеќе кафе за да ги постигнеме истите ефекти.

Така, за да го извлечете максимумот од ефектите на кафето, испијте ја првата шолја еден час по будењето, пишува The Healthy.

Вториот врв на производство на котизол е околу 13:00 часот, а потоа околу 17:00 часот, така што во некои од овие моменти можете да ја испиете следната шолја кафе.