Постојат одредени намирници кои жените треба да ги избегнуваат за време на бременоста. Станува збор за одредени видови риби (најчесто сурови) и производи од риба (како што се школки), како и недоволно варено месо.
Но, има и намирници кои се многу корисни и трудниците треба често да ги јадат. Еве ги оние:
Овесни снегулки
Го подобруваат варењето, го регулираат крвниот притисок, холестеролот и шеќерот во крвта, па дури и имаат смирувачки ефект што ќе ви помогне подобро да се опуштите и одморите.
Моркови
Најдобро е да ги консумирате како свежо цеден сок, но тоа не ве спречува да подготвите салата или едноставно да гризнете пред телевизор. Дополнителен плус: витамин А, бета-каротен и фитоестрогени.
Јаткасти плодови
Ореви, бадеми, индиски ореви, сончоглед и семки од тиква – можете да јадете што сакате, но најдобро е да избегнувате кикирики.
Суво овошје
А особено кајсиите. Секако, можете да ги јадете и сирови, но сувите имаат поголема количина на фитоестрогени, кои се виновници за лактогониското дејство.
И не заборавајте да пиете повеќе течности!


