Според астролозите, постојат одредени знаци со кои генерално е многу комплицирано да се одржи хармоничен љубовен однос поради различни причини. Но, тие нагласуваат дека не треба да се генерализираат работите, туку дека секој човек е индивидуа за себе.
Иако не е фер да се класифицираат одредени хороскопски знаци како добри или лоши партнери, астрологијата вели дека емотивниот однос со следните седум знаци може да биде многу предизвикувачки, а еве зошто!
Овен
Овните се многу страствени по природа, но имаат тенденција да бидат и малку себични и барани. Како такви, тие можат да бидат предизвик за партнерите кои се помалку интензивни или кои бараат рамнотежа во врската.
Бик
Биковите се познати по својата тврдоглавост и отпорност на промени, што може да биде предизвик за партнерите кои се надеваат на динамична врска. Тие можат да бидат и многу љубоморни и посесивни, што може да ја загрози довербата во врската, пишува
Близнаци
Близнаците се социјални и комуникативни по природа, но тие исто така можат да бидат склони кон драма и нестабилност во врската . Тие можат да бараат внимание и да експериментираат, што може да доведе до тешкотии во воспоставувањето подлабоки односи.
Рак
Раковите се многу чувствителни и сочувствителни, но тоа значи и дека можат да бидат склони кон драматични емоционални реакции и анксиозност. Исто така, тие можат премногу да се врзат за партнерите и да бараат премногу внимание.
Лав
Лавовите се познати по нивната желба да бидат во центарот на вниманието, што може да биде предизвик за партнерите кои бараат рамнотежа во врската. Тие исто така имаат тенденција да ја контролираат другата страна и да бидат доминантни, што може да ја загрози динамиката на врската.
Скорпија
Скорпиите се исклучително страсни и интензивни љубовници, но можат да бидат и многу таинствени и манипулативни . Тие можат да бидат љубоморни и посесивни во исто време, што може да ја загрози довербата во врската.