Состојки 1:
- 2 коцки квасец
- 250 мл. масло
- 6 лажички сол
- 4 лажички шеќер
- 2 лажички оцет
- 1литар млеко или вода
Состојки 2:
- 1-1,500гр. брашно
- 1 јајце
- сусам
- путер
Измешајте ги состојките1 и потоа оставете ги да отстојат 15 мин. Потоа додадете брашно 1-1,500гр. Измесете меко тесто и потоа направете топчиња. Исукајте кифли, премачкајте ги со путер па со јајце, наросете ги со сусам. Оставете ги да отстојат 15мин и потоа ставете ги да се печат 20минути на 200степени.
На здравје!