ПАЗЕТЕ СЕ ОД ОВИЕ 2 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ-МОЖАТ ЖЕСТОКО ДА ВЕ УРОЧАТ!

Има луѓе кои колку и да ви се лути и сакаат да ви се случи нешто лошо, едноставно ја немаат потребната внатрешна енергија за тоа. Сепак, постојат два знаци чиј гнев треба да го избегнете бидејќи дури и несвесно можат да ве проколнат кога ќе се почувствуваат загрозени. Еве со кои знаци се препорачува да избегнете конфликти:

СКОРПИЈА
Кралицата на мистеријата. Под овој хороскопски знак се родени голем број видовити, астролози и исцелители. Голем дел од претставниците на хороскопскиот знак Скорпија се родени со многу истакнати дарби. По природа тие се поврзани со духовниот свет и нивните животи ги поминуваат во пророчки соништа. Имаат многу силна емотивност и лесно можат да бидат повредени, иако во повеќето случаи тоа не го покажуваат. Нивното однесување е како подводна струја – сè изгледа мирно на површината, но внатре тие се бура. Нивниот силен внатрешен набој може да ви донесе големи неволји бидејќи нивните емоции се толку моќни што или ги јаде нив или нивните непријатели. Тие понекогаш дури и несвесно почестуваат некого со својот гнев.

РАК
Ракот изгледа далеку порезервирано и потивко од Скорпијата, но тоа не го прави побезбеден. Раковите се исклучително силно поврзани со Месечината, а голем број од нив го губат сонот во нејзините различни фази. Од Месечината тие ја црпат својата силна енергија. Ако кај Скорпијата гневот е неконтролиран, тогаш кај Ракот е доста намерен. Ако повредите Рак, тој ќе ве мрази тивко, но со исклучително силен внатрешен набој кој може да ви направи големи проблеми во животот. Раковите имаат високо развиен инстинкт за самоодржување, што ѝ недостига на Скорпијата. Целата негативна енергија намерно ја испраќаат кон противникот за да се заштитат.