1. Кажи ми што сакаш.
Митот за тоа како мажите треба да ни ги читаат мислите кога станува збор за водењето љубов е одамна заборавен. Ако сакаме нешто, тогаш треба да го кажеме, а уште подобро е кога мажот е заинтересиран да ја задоволи својата партнерка.
2. Да, имам кондом.
Самосвесните жени сами ќе се грижат за контрацепција, но секогаш сакаат да знаат дека и нивниот партнер се грижи за тоа и е свесен колку е важно да се биде сексуално одговорен.
3. Дали ви се допаѓа тоа што го работам?
Срамежливите жени можеби нема веднаш да му кажат на партнерот што најмногу им одговара. Затоа, ова едноставно прашање е ефикасен начин за мажот да открие дали жената се чувствува добро или не .
4. Го обожавам твоето…
Сите понекогаш се чувствуваме малку несигурно додека водиме љубов, па затоа е секогаш убаво да се слушне што најмногу сака нашиот партнер кај нас и од што никогаш не се заситува. Ваквиот искрен комплимент покренува чувство на самодоверба кај жените во интимните моменти.
5. Вие сте фантастични.
Мажите обожаваат кога жените ги фалат нивните сексуални вештини, но зошто не би ги пофалиле нашите? Квалитетниот секс е двонасочен процес во кој мора да преовладува и еднаквоста.


