Има врски засновани на правилни вредности, но луѓето едноставно не се сексуално компатибилни. Замислете ситуација во која се чувствувате сакано, но страста никогаш не се буди.
На пример, никогаш не сте расположени за секс во исто време, а кога сте исто расположени, вие ја сакате мисионерската поза, а тој „го прави“. Иако не постои официјална дефиниција за сексуална компатибилност, клиничкиот психолог специјализиран за сексуална терапија, д-р Кристофер Рајан Џонс објасни што е тоа.
Во продолжение прочитајте кои знаци покажуваат дека вие и вашиот партнер сте компатибилни и дека вашиот сексуален живот може да се подобри.
Во исто време сте расположени за секс
Секако, нема да бидете постојано исто расположени, но ако не сте практикувале односи некое време, а вашиот партнер или вие ги саботирате сексуалните активности, тоа може да значи дека сепак не сте компатибилни.
Го имате истиот стил на бакнување
Некои ќе речат дека бакнежот е многу поинтимен од сексот. Тоа е сладок знак на љубов што прави да се чувствуваме како заљубени тинејџери. Џонс објасни дека има безброј стилови на бакнување, а повеќето луѓе се држат до оној што им доаѓа природно. Ако уживате во бакнувањето со партнерот, дефинитивно сте сексуално компатибилни. Освен тоа, истражувањето спроведено на Оксфорд и објавено во „Journal Of Sexual Behavior“, вели дека оние луѓе кои на самиот почеток биле одлични бакнувачи, речиси секогаш имале одличен сексуален живот.
Сексот е задоволство, а не обврска
Експертите веруваат дека долгорочните партнери треба да го стават сексот на прво место. Работата, децата и секојдневните обврски обично го ставаат сексот на самото дно на листата на приоритети. Ако и двајцата сте свесни дека животот ве лишил од задоволство и сакате да го промените тоа, тоа значи дека сте сексуално компатибилни без разлика што одредено време не сте се посветиле еден на друг.
И двајцата сакате (или не сакате) да пробувате нови работи
Некои луѓе развиваат погласна, а некои потивка сексуална интелигенција во текот на нивниот живот. Некои сакаат нежност, некои грубост. Некои сакаат да бидат доминантни, а некои сакаат да бидат покорни. Ако вие, на пример, сакате да бидете инфериорни, а вашиот партнер сака да биде доминантен, ова е знак дека сте сексуално компатибилни.
Еден пример се сексуалните преференции, кои денес луѓето ги нарекуваат фетиши. Ако вашиот партнер има фетиш за стапалата, а вие го сметате за крајно одбивен – тоа значи дека сепак не сте сексуално компатибилни.
Добри сте во комуникацијата
Комуникацијата е клучот за добра врска. Ако знаете што едни на други сакаат и што не, тоа е уште еден знак за компатибилност. Нема подобар начин да го подобрите вашиот сексуален живот отколку преку искрена и транспарентна комуникација.


