Секој од нас има свој пијалок кој го преферира на плажа. Тоа не е случаен избор – тоа е тивка изјава, лична карактеристика, нешто што зборува повеќе од биографија и Instagram профил заедно. Од првото утринско кафе до последниот коктел на зајдисонце – твојот пијалок кажува кој си.
А ти… кој си на плажа?
1. Кафе на плажа – „Тука сум, ама не зборувајте со мене (сѐ уште)“
Ова е личноста што го носи кафето во термос. Надвор 35°C, но таа седи на пешкир, гледа во хоризонтот и изговара:
„Не ми зборувај додека не го завршам кафето.“
➡ Веројатно е интроверт. Ќе се капе само ако водата е совршена!
2. Фрапе/ладно кафе – „Летото ми е во ДНК“
Со сламка во уста, очила на глава и ладно кафе во рака – оваа личност е секогаш подготвена за муабет. Коментира костими, слуша гласно музика и точно знае кај има најдобра сенка.
➡ Знае каде има евтин паркинг, кој DJ свири вечерта и дали пазарот работи во недела наутро.
3. Газирана вода со лимон – „Не сум жедна, само сакам да изгледа убаво“
Овие луѓе живеат за естетика. Пијалокот е проѕирен, чашата е стаклена, а фотографијата веќе е објавена на story со филтер „Palma“.
➡ Чантата им е минималистичка, ама содржи сè: Кармин, книги, и влошки во боја на костимот.
4. Домашен чај во тегла – „Јас сум природна душа, и сакам да се знае тоа“
Дојдени со платнена торба, овие личности носат домашен ладен чај со нане, мед и лимета. Се служи во тегла со метална сламка – нормално.
➡ Ќе ти зборуваат за микропластика, но и ќе ти дадат крем за сончање од природен цинк. Најчесто знаат прва помош и ги разбираат сите фази на ретрограден Меркур.
5. Коктел со чад и чадорче – „Јас сум овде за гламур и приказни“
Ако некој нарача коктел што личи на хемиски експеримент – тоа е личност што сака да биде забележана. Веројатно носи шешир со ширина на маса за четворица и облека што се менува во секој story.
➡ Ќе те запознае со келнерот, ќе добие „нешто специјално за себе“ и ќе слика пијалак со 5 други чаши – иако сите се нејзини.
6. Вода. Само вода. – „Практичен/на сум. И опстанокот ми е приоритет.“
Ако некој нарачува само вода (со мраз, ама без лимон), тоа е личност што не сака драми. Доаѓа на плажа за пливање, одмор и евентуално, да прочита книга до крај.
➡ Тивка сила. Нема да бара ништо, но кога ќе им затреба нешто на другите – само таа ќе има резервни марамчиња, стегач за коса и нешто за грицкање.
Пијалокот за на плажа не е само освежување – тоа е карактер. Сакаш кафе, чај или коктел со чадорче? Не е важно.
Важно е да го пиеш со насмевка, со малку песок на нозете и со желба да го зграпчиш летото како што треба.
Запомни:
Не си тоа што го пиеш. Но понекогаш… пијалокот знае кој си. 😉