ПИЈАЛОК ЗА СЛАБЕЕЊЕ СО 3 СОСТОЈКИ – СЕКОЕ УТРО ПРЕД ОБРОЦИТЕ

Доколку имате некој килограм вишок кои навистина ве мачат, а сакате брзо да се ослободите од него, не посегнувајте по скапи производи за слабеење бидејќи ниту една таблета не може да согорува масти! Единствениот начин за слабеење е калорискиот дефицит, што значи урамнотежена исхрана и физичка активност која ќе согорува калории . На тој пат може да ви помогнат чаевите кои ќе ја забрзаат детоксикацијата на организмот и ќе го забрзаат излачувањето на вишокот вода . За таа цел може да се користат различни намирници, зачини и лековити билки: ѓумбир, кој го регулира варењето и го поттикнува производството на жолчка, што помага во разградување на масните наслаги; Циметот е познат како зачин кој ја намалува гликозата во крвта и содржи влакна кои се важни задобро варење ; Каранфилчето е познато по своите антивоспалителни својства, го регулира нивото на шеќер, ја намалува мачнината, ја регулира работата на цревниот систем, го забрзува метаболизмот …

Состојки:

– 30 гр каранфилче

– 30 гр мелен ѓумбир

– 30 гр цимет

Измешајте ги состојките и ставете ги во тегла со капак. Секое утро земајте по 1 лажица и промешајте 2 дл топла вода. Овој пијалок се пие половина час пред оброк. 

Не се препорачува да се пие овој напиток повеќе од 3 недели.