Состојки:
– 4 парчиња пилешки гради
– сол по вкус
– црн бибер по вкус
– 2 лажици маслиново масло
– 1 кромид
– 2 чешниња лук
– 4 лажици оцет балсамико
– 400 гр. домати во конзерва
– 1 лажица свеж босилек, сецкан
– 1 лажица оригано
– 1 лажица рузмарин
– 1 лажица мајчина душица
Подготовка:
Пилешкото добро зачинете го со бибер и сол. Загрејте го маслиновото масло на средна температура во него и пржете ги пилешките гради од двете страни се додека не добијат златна боја. Додадете ги кромидот и лукот. Гответе додека не омекнат. Во пилешкото додадете ги конзервираните домати и оцетот балсамико. Оставете да врие сѐ додека пилето не се свари целосно или околу 15 минути. Посипете ги преостанатите зачини и промешајте го сосот.
На здравје!