ПИЛЕШКИ ЌОФТИЊА СО МАГДОНОС И ЛУК

Состојки:

  • 500 гр. мелено пилешко месо
  • 1 кромид, ситно сецкан
  • малку магдонос , ситно сецкан
  • 1 јајце
  • 2-3 чешниња лук
  • 2 лажици мајонез
  • сол и бибер по вкус
  • брашно
  • масло за пржење



Подготовка:
Измешајте го меленото пилешко месо со кромидот, магдоносот, јајцето, лукот, мајонезот и зачините. Мешајте се додека не добиете хомогена смеса. Загрејте го маслото за готвење. Обликувајте ги ќофтињата со рацете. Превртете ги во брашното и пржете 5-7 минути од секоја страна. Исцедете ги ќофтињата на кујнска хартија.

На здравје!