ПОХОВАНИ ПАЛАЧИНКИ СО ШУНКА

Состојки:
– 1 јајце
– 6 лажици брашно
– 1/2 лажиче шеќер
– 1 лажиче сол
1/2 кесичка прашок за пециво
млеко, колку ќе треба да замесите
средно густо тесто

Фил:
– 200 гр шунка
– тенко исечен топлив кашкавал
– конзервирани шампињони, исечени на
– листови
– малку оригано
– лебни трошки

Подготовка:
– Измешајте ги сите состојки за палачинките и испечете ги.
– Измијте ги убаво печурките и оставете да се исцедат.
– Кога ќе се изладат палачинките на секоја ставете 1 парче шунка, 1,5 парче кашкавал, малку исцедени шампињони и прстофат оригано. Замотајте ги палачинките и од страните затворете ги
со чепкалки за заби или пак краевите завртете ги навнатре.
– Така подготвените палачинки увалкајте ги прво во брашно, па во изматеното јајце со малку млеко и сол и на крај во лебните трошки.
– Пржете ги во врело масло, кратко, додека да добијат боја и кашкавалот да се растопи.
– Печените палачинки ставете ги на кујнска хартија за да се впие вишокот маснотија и послужете ги.