Не трудете се да ја надзборувате – Едноставно нема да ви успее. Таа ќе има противаргумент на секој ваш аргумент и има капацитет да зборува повеќе, побрзо и погласно од вас.
Согласете се со неа – Жената, како и купувачот, е секогаш во право. Секој ваш обид да го докажете спротивното би било залудно губење време.
Не исчезнувајте – Не обидувајте се да избегате. Ако си заминете сред кавга, додека таа зборува, црно ви се пишува кога нареден пат ќе се појавите.
Читајте меѓу редови – Никогаш не сфаќајте ја буквално. Ако ви рече дека е во ред, не е, ако рече дека ѝ е сеедно, во никој случај не е така, а ако ви рече слободно да правите што сакате, немој ни да сте помислиле да направите нешто по сопствен избор.
Нејзините непријатели се и ваши непријатели – не трудете се да ги одбраните фризерката со која имала кавга или месарот кој ја изнервирал.
Внимавајте на забранетите изрази – Не трудете се да ѝ го одвлечете вниманието со спомнување на домашните обврски кои треба да ги изврши, да ја „презакажете“ кавгата бидејќи почнува фудбал, да свртите на шега кажувајќи виц, да правите гласни претпоставки дека е нервозна бидејќи дошол тој период од месецот, или да пробате започнување муабет кој според вас би водел до секс. Секако, никогаш не ѝ предлагајте да „олади“ и да се смири, бидејќи ефектот обично е спротивен.
Помирете се со фактот дека никогаш нема да го имате последниот збор – Жената ќе ја започне кавгата и ќе ја заврши кога сака. После секој ваш „последен“ збор, ќе следува уште еден нејзин. Колку побрзо го сфатите тоа, толку подобро за вас.


