Додека се грижиме за нашата коса, се фокусираме на самата коса, додека целосно ги забораваме темето. Ова е голема грешка, велат фризерите, бидејќи само ако се негува горниот дел од главата, не можеме да очекуваме дека косата ќе изгледа здраво и сјајно
За да биде здраво, потребно е повремено да правиме пилинг, исто како што правиме со кожата на лицето. За ова не ви треба скапа подготовка. Се што треба да направите е да додадете лажица шеќер во шампонот со кој вообичаено ја миете косата.
Токму тој ќе направи нежен пилинг и ќе ги отстрани мртвите клетки кои го блокираат растот на убава и негувана коса. Покрај тоа, ќе овозможи подетално миење и ќе овозможи регенераторот да навлезе подлабоко и подобро да ја нахрани самата коса.
Оваа постапка не треба да се претерува за да не се исуши скалпот. Најдобро би било пилингот да се повторува после секои 4 миења.