ПРЕСТАНАВ ДА ЈАДАМ ЛЕБ: ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ СО МОЕТО ТЕЛО ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ!

Решив да почнам да се хранам здраво, па решив да го елиминирам белиот леб и воопшто белото брашно.

Тоа беше голем предизвик за мене, бидејќи јадев бел леб во големи количини, особено за појадок. Еве што се случи еден месец подоцна:

1. Постојано се чувствував гладен

Првите седум дена не можев да јадам. Постојано бев гладен. Јадев леб, јадев колачи, сонував кифлички … не се ни осмелив да ѕирнам во пекарата. Појадокот беше најкритичен, во смисла дека морав да го сменам пристапот кон овој оброк. Наместо да одам во пекара и да купам нешто за појадок, морав да носам дома варени јајца, каша од хељда или нешто што ќе ме држи сит додека не се вратам дома. Но, после неколку дена, организмот се навикна, иако кризата се уште ја чувствувам – месец дена откако го одбив лебот.

2. Изгубив 5 килограми

Единственото нешто што го променив во исхраната беше тоа што го исфрлив лебот. Се останато остана исто. Да напоменам дека никогаш не се хранев нездраво, освен тој појадок, кој беше претежно оброк од пекара.

Продолжив да вежбам како и досега, да ручам домашно приготвени оброци (сарма, грав, грашок), но само без леб. После еден месец видно ослабев, а тежината се покажа – 5 кг.

3. Чувствував грчеви во нозете

Две недели целосно ги исфрлив јаглехидратите од исхраната. Веднаш почнав да чувствувам грчеви во нозете, што никогаш порано не било случај. Не можев да спијам навечер и по консултација со лекар ми предложи да ги вратам јаглехидратите во исхраната – се освен лебот. После тоа, грчевите постепено престанаа. Лебот е богат со електролити, а кога вашето тело не добива доволно од овие основни хранливи материи, тоа може да доведе до грчеви во мускулите.

4. Се чувствував уморен

Тоа е чувството кога се држите на диета, па телото не може да разбере зошто го нема тоа што го имало, па се жали на голем замор и силни главоболки. Тоа најмногу ми пречеше при одбивањето на лебот.

5. Постојано јадев нешто слатко

Бев решена да не попуштам, но моето тело копнееше за слатки. Докторот ми објасни дека моето тело ја бара енергијата на која е навикната. Кога се чувствуваме уморни и исцрпени, природно посегнуваме по храна која може брзо да ни даде енергија, како слатки и засладени пијалоци. Иако јадењето леб во умерени количини нема да доведе до вишок килограми, јадењето колачиња и чоколадо секогаш кога ќе се чувствувате исцрпено, секако може.

Затоа решив по еден месец да го вратам лебот од цело зрно во исхраната. Овој (домашен) леб подготвен на овој начин сега трае една недела, бидејќи едно парче од овој леб дневно ми е доволно.