ПРЕТВОРЕТЕ ГИ ВАШИТЕ РАНИ ВО МУДРОСТ- ИНСПИРАТИВНИ ЦИТАТИ НА ОПРА ВИНФРИ

„Најголемата авантура која може да ви се случи е да го живеете животот од вашите соништа

„Израснав со вербата дека извонредноста е најголема одбрана од расизмот или сексизмот. Токму така оперирам во животот.“

„Има многу работи кои треба да си ги докажам себеси. Една од нив е дека можам да го живеам својот живот без стравови.“

„Страста е енергија. Почувствувајте ја моќта која доаѓа од фокусирањето на она што ве возбудува.“

„Верувам дека секој од нас има лично обележје кое е единствено исто како отпечатокот од прстот. Најдобриот пат кон успехот е да го откриете она што го сакате и да најдете начин да им го понудите на другите во форма на услуга, преку напорна работа и дозволувајќи да ве води енергијата на универзумот.“

„Освен ако не правите големи дела, не е важно колкава моќ имате.“

„Она што навистина го сакате е да сте опкружени со луѓе кои ги сакате и цените и луѓе кои ве вреднуваат вам. Токму тогаш вие сте вистински богати.“

„Колку повеќе го славите својот живот, толку повеќе имате што да прославите.“

„Не можеме да станеме она што треба да бидеме останувајќи она што сме.“

„Претворете ги вашите рани во мудрост.“