ПРИКАЗНА ЗА МАЈКАТА И СИНОТ

  • Мамо зошто плачеш? – прашало малото момче.
  • Затоа што сум жена! – му одговорила таа.

„Не разбирам“, рекло детето.

Мајка му го прегрнала.

  • Никогаш нема да разбереш.

Малото момче го прашало својот татко:

– Зошто мама плаче без очигледна причина?

„Сите жени плачат без причина“, одговорил таткото.

Момчето пораснало и станало маж, но сепак се чудело зошто жените плачат. Затоа го прашал Господ:

– Боже, зошто жените толку лесно плачат?

Господ му одговорил:

– Кога ја создадов жената, ја направив посебна. Нејзините рамена ги направив доволно силни за да ја издржат тежината на целиот свет, а сепак доволно нежни за да дадат утеха. Ѝ дадов внатрешна сила да го издржи раѓањето на детето и одбивањето кое многупати доаѓа од нејзините деца, ѝ дадов цврстина што и дозволува да продолжи кога другите се откажуваат и да се грижи за своето семејство дури и во болест и исцрпеност, без да се жали. И дадов чувствителност да ги сака своите деца без разлика на се и покрај сите околности дури и кога нејзиното дете многу ја повредило.

И дадов сила да му помогне на нејзиниот сопруг да ги надмине своите грешки и ја создадов од неговото ребро за да го заштити неговото срце.

Ѝ дадов мудрост да знае дека добриот сопруг никогаш нема да ја повреди својата сопруга, но понекогаш ја тестира нејзината сила и нејзината решеност да биде цврсто покрај него. И конечно ѝ дадов солзи да се засолни. Нејзино единствено право е да ги користи секогаш кога и е потребно. Гледаш сине – рекол Господ – убавината на жената не е во облеката што ја носи, не во фигурата што ја има или во начинот на кој ја чешла косата. Убавината на жената е во нејзините очи, кои се патот до нејзиното срце – местото каде што живее љубовта.