ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ АКО ГИ ЗАМЕНИТЕ СИТЕ ПИЈАЛОЦИ СО ВОДА

Кога зборуваме за здрава исхрана, да не заборавиме дека тоа значи и „здраво пиење“. Излегува дека еден од најефикасните диететски потези што можеме да ги преземеме е да ги замениме сите пијалоци што ги консумираме – алкохолни и безалкохолни – со вода.

Еве што ќе ви се случи ако пиете само вода:

  1. Намалете ги килограмите побрзо. Со пиење само вода 9 дена, губите исто количество калории како да трчате 8 километри на ден.
  2. Метаболизмот ви се забрзува и се чувствувате поенергични. Само две чаши ладна вода наутро се доволни за да го забрзате метаболизмот за 24 проценти.
  3. Вашиот мозок работи подобро. Мозокот се состои од 75 до 85 проценти вода. Дури и блага дехидрација (пред воопшто да почувствувате жед) ја намалува концентрацијата.
  4. Јадете помалку. Доволната количина на вода го потиснува апетитот, што ви помага полесно да ја одржувате формата.
  5. Телото побрзо ги прочистува токсините. Доволната количина на вода помага да се исчисти телото од токсини и да се спречи предвременото стареење.
  6. Го намалува ризикот од разни болести. Тие вклучуваат висок крвен притисок, проблеми со мочниот меур, па дури и рак на дебелото црево.
  7. Вашето срце работи подобро. 5 чаши вода дневно го намалуваат ризикот од срцев удар за 41 отсто.
  8. Кожата ви е почиста и помека. Добро хидрираната кожа е поздрава, поеластична и посвежа.