Недостатокот на одредени хранливи материи во телото е најчеста причина за желбата за јадење банани.
Во случај оваа желба да не исчезне подолго време, и покрај консумирањето на слаткото овошје, вашето тело веројатно сигнализира развој на патолошки нарушувања.
Што се крие зад честата желба за конзумирање банани?
Недостатокот на калиум, магнезиум и витамини од групата Б најчесто стои зад желбата за јадење банани.
Можно е да е испровоцирано со земање диуретици или кортизол. Друга можна причина се хормоналните промени. На пример, апетитот за ова овошје се зголемува за време на бременоста.
Болестите на тироидната жлезда, дигестивниот тракт или проблеми со срцето може да бидат во основата на постојаната желба за конзумирање банани, пишува руското издание Лента.
Важно: Оваа статија не заменува урамнотежена исхрана, како и консултација со специјалист!


