ШТО ЗНАЧИ АКО ВАШЕТО ИМЕ ПОЧНУВА СО БУКВАТА А

Многу имиња се дадени симболично, ние сме поврзани со нашето име, тоа остава одредена слика за нас, има одредено влијание и имплицира посебно значење. Според нумерологијата и симболиката, и буквите од името имаат одредено значење , а еве што значи ако вашето име започнува со буквата А.

ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ – А е првата буква од азбуката и ги има особините на бројот 1. Како прв, вие сте експресивни и имате лидерски способности. Можете да бидете моќен двигател во секоја ситуација. Најверојатно сте амбициозни и независни. Не паѓате така лесно под туѓ притисок. Вие сте природен лидер.

Бидејќи сакате да ја преземете одговорноста, сакате и да поставувате свои правила. Сакате да ги водите работите по ваши услови, но секако тоа е можно само доколку ја имате потребната самодоверба и храброст да го сторите тоа. Уживате во забавата и авантурата и често сте лидери во овие ситуации.

Вашата храброст и чувството на самодоверба се нераскинливо поврзани. Дури и кога се чувствувате навредени, можете да бидете склони да се преправате колку сте силни и дека ништо не може да ве допре. Сакате другите да ве гледаат како храбри, но не смеете да ги потиснувате своите емоции поради тоа . Корисно е да научите да покажувате ранливост и да ја прифатите како нешто корисно.

КАРИЕРА – Секоја кариера која ви овозможува да водите други ви одговара. Може да бидете успешен претприемач, учител, истражувач или добро да се справите во која било водечка улога.

ЛОША СТРАНА – Бидејќи често сте многу самоуверени, можете да ги поткопате напорите на другите без да сфатите дека тоа може да биде многу обесхрабрувачки за нив. Добро е да бидете колку што е можно пофлексибилни , а исто така сериозно да ги сфаќате туѓите идеи.