Постојат луѓе кои по својата природа се оптимисти и изгледаат посреќни од другите, без оглед што им се случува во животот.
Според психолозите, посреќните индивидуи на позитивен начин гледаат на негативните настани и гледаат како да имаат корист од нив. Несреќните индивидуи, за разлика од претходните, исто така, се фокусираат на негативните аспекти на позитивните настани или негуваат ставови како што се – работите биле подобри во минатото.
Исто така, експертите тврдат дека во денешното општество во кое се оддалечивме од нешта што се навистина важни, како што се љубовта, среќата и здравјето, за нашето физичко и ментално здравје е многу конструктивно да не заборавиме дека сеќавањата се она што ќе ни остане, и сите наши напори да се усогласат со нашите претензии и строгите барања на општеството по некое време веќе нема да бидат важни.
Еве неколку начини да се сетите кое е вистинското значење на животот и како да бидете посреќни во животот:
Прифатете дека сте само луѓе: прифатете ги своите емоции, дури и стравот, тагата, вознемиреноста. Нивното негирање доведува до фрустрација.
Поедноставете го животот, вклучете се во помали работи. Концентрирајте се на една задача и обидете се да го елиминирате мултитаскингот.
Пронајдете цел и задоволство во сè. Посветете им време на работите што сакате да ги постигнете и она што сакате да го работите, а не само на она што го сметате за своја обврска.
Обидете се да посветите барем два часа неделно на вашето хоби, поминете време со вашите најблиски итн.
Концентрирајте се на позитивните работи, на она што е добро во вашите животи и бидете благодарни за тоа. Секоја вечер пред спиење запишете пет работи за кои сте благодарни, па дури и малите нешта, како што е нечија насмевка, чврчорење на приказна итн.
Потрудете се да ги подобрите односите со блиските луѓе. Изненадете го вашиот партнер со нешто или поминете повеќе време со вашите деца.


