Една добра и мудра старица еднаш беше прашана:
- Бабо, толку тежок живот си живеела, а душата ти остана помлада од сите нас. Кажи ни, имаш ли тајна за ова?
- Да, имам тајна: Сè добро што ми направија, напишав на срцето, а сè лошо – на водата.
Да го направев спротивното, сега срцето ќе ми беше цело во страшни рани и болни рабови. И сега тоа е миризлив рај.
Животот ни подари две многу важни и подеднакво вредни способности – да паметиме и да заборавиме.
Кога прават нешто добро за нас, нашата благодарност бара да се сеќаваме на тоа.
И кога некој прави лошо, љубовта нè поттикнува да заборавиме на тоа.


