СВЕКРВА МИ МЕ САКА ПОВЕЌЕ ОД РОДЕНАТА МАЈКА!

Знам дека ова што ќе ви го кажам можеби ќе ви биде многу чудно, но мојата свекрва ме сака повеќе од родената мајка.
Уште кога се омажив за мојот сопруг таа многу убаво се однесуваше со мене. На почетокот си помислив дека е некоја игра и лицемерие и да бидам искрена многу се плашев. Внимавав на секој нејзин чекор што ќе го направи, барав влакно во сеното но не го најдов!
Кога бев немажена мојата мајка често не беше дома, беше да се забавува со нејзините пријателки. Многу ретко кога имав топол оброк на масата или помош низ дома. Сѐ тоа беше моја обврска иако бев студент и иако имав многу за учење.

Се омажив и почнавме да живееме со мојата свекрва. Уште првиот ден рано наутро кога станав да се спремам за на работа кафето веќе ми беше на масата и направено доручек. Ми падна непријатно, таа тоа го забележа и ми кажа дека најважно и е спокојна да стигнам на работа бидејќи таму имам многу обврски.
Секој нареден ден беше истото. Направено доручек, ручек, вечера. Суредено, сметено, алишта испрани…

Господ ни даде и дечиња, и мојата свекрва над нив заедно со мене беше цело време! За разлика од неа мојата мајка буквално идеше само како гостинка! До ден денеска се чудам на оваа ситуација, но сум му благодарна на Господ за оваа жена!



Еден ден и јас ќе бидам свекрва и можеби никогаш нема да ја стигнам мјата да бидат толку добра и доблесна, ама си ветив на самата себе дека ќе се обидам, бидејќи навистина можело жена што не те родила да има мајчински однос кон тебе иако ти е свекрва!