ТАЈНИОТ КЛУЧ НА СРЕЌАТА КОЈ ЌЕ ЈА ОТВОРИ ВРАТАТА ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ

Простете си себеси – Една од најдобрите работи што можете да ги направите за да се ослободите од минатото е простувањето. Престанете со прекумерната самокритика, обвинувајте, не се потсетувајте колку многу сте пропуштиле, каде сте згрешиле… Признајте дека не сте совршени, исто како и сите други. Запомнете, не можете да го промените она што веќе се случило, но можете да влијаете на она што се случува сега.

Научете да прифаќате – Што и да ви се случило претходно, не може да се промени. Ако сакате да се ослободите од лошите чувства за тоа, треба да научите да го прифаќате. Немате контрола врз вашите минати постапки . Немате контрола над другите луѓе. Има само едно нешто што можете да го контролирате, а тоа сте вие.

  • Прифатете се такви какви што сте, но и продолжете да работите на вашиот развој.
  • Дознајте кој сакате да бидете сега.
  • Одете по патот што сакате да одите.

Научете да размислувате позитивно – Позитивниот став навистина помага да се ослободите од минатото. На крајот на краиштата, животот е 10% од она што навистина се случува со вас и околу вас. Останатите 90% од животот е вашиот став. Ослободете ја негативноста, оставете го вашиот гнев и престанете да гледате на сè од песимистички агол. Негативните мисли или емоции нема да ви помогнат. Подобро фокусирајте се на позитивното, искуствата на многу луѓе покажуваат дека тоа им успеало така, а ќе работи и за вас.

Престанете да се грижите за сè – Загрижувачките мисли за тоа што може да се случи во неизвесна иднина само ве спречуваат да работите на себе. Тоа е како да стоите надвор со чадор на сончев ден и да чекате да заврне еден ден. Тоа нема да ви помогне и нема да промени ништо. Обидете се да ги исфрлите темните мисли од вашата глава , и кога нешто навистина ќе се случи, тогаш ќе го „отворите чадорот“.

Прилагодете се на промените – Животот често не изненадува, носи промени кои не ги очекувавме, не носи на сосема спротивна страна – но тоа е животот. За да се ослободите од минатото и негативните мисли во сегашноста, треба да се прилагодите на промените што ви ги донело. Со прифаќањето, не ја прифаќате ситуацијата, но не се предавате ниту на морето негативни мисли, туку барате шанси и можности кои можат да го променат она што не ви се допаѓа.

Бидете во мир со себе – Секој има маани, дури и грубиот дијамант , но кога е полиран, станува најубавиот камен на светот. Секојдневно се подобрувате преку животните предизвици. Вие сте посилни и подобри од вчера. Секоја пречка гледајте ја како можност за раст .