Парфем и марамче
Наместо да го прскате парфемот директно на облеката, испрскајте го на едното марамче и ставете го во плакарот. Мирисот сигурно ќе се прошири, парчињата облека ќе го впијат, а доброто е што нема да ги оштетите или контаминирате вашите омилени работи.
Освежувач на воздух за автомобил
Можете да ги користите и во плакарите. Изберете некои поблаги мириси – завиткајте ги во марамче или крпа и ставете ги во фиока. Ќе мириса со месеци.
Зрна кафе
Освен што ги апсорбира сите лоши мириси, зрната кафе ќе го шират својот мирис. Наполнете мал сад со зрна, направете неколку дупки на капакот или алуминиумска фолија за да го покриете и ставете го во шкафот. Променете ги еднаш месечно.
Есенцијални масла
Исто како и кај зрната кафе, облеката може трајно да ја мирисате со есенцијални масла. Додадете неколку капки во машината за перење за време на последниот циклус на перење или капнете ги на марамче или крпа и ставете ги во плакарот .
Сапун
Еден од најстарите трикови што многумина сè уште го користат денес е да ставаат сапун меѓу нештата. Сè што треба да направите е да го оставите во обвивката и тоа е тоа … многу едноставно …


