Бадемите се извор на многу хранливи материи кои придонесуваат и за развојот и здравјето на луѓето. Еве ги нивните главни придобивки:
- Добри се за мозокот
Бадемите се извор на многу хранливи материи кои придонесуваат и за развојот и здравјето на човечкиот мозок. Тие се поврзани со повисоко интелектуално ниво и долго време се сметаат за основна храна во воспитувањето на децата. Бадемите содржат две витални нутриенти за мозокот – рибофлавин и Л-карнитин, за кои е познато дека ја зголемуваат активноста на мозокот, што доведува до формирање на нови нервни патишта и намален ризик од Алцхајмерова болест. Истражувањата покажуваат дека додавањето на сурови бадеми и бадемово млеко во исхраната му помага на нервниот систем да функционира.
Хранливите материи од бадемите телото најдобро ги апсорбира кога се консумираат наутро на празен стомак. Ова е причината поради која многу мајки на своите деца им даваат бадеми по будењето, пред појадок. Добро е бадемите навечер претходно да се потопуваат во вода, а доволно се 2-3 јаткасти плодови.
- Регулирајте го холестеролот
Редовното консумирање бадеми помага да се зголеми нивото на липопротеини со висока густина и се намалува нивото на липопротеини со мала густина. Оваа рамнотежа е од витално значење за одржување на здрави нивоа на холестерол и намалување на лошиот холестерол.
- Добри се за здравјето на коските
Бадемите се фантастичен извор на разни витамини и минерали, а меѓу нив дефинитивно е и фосфорот. Фосфорот има значително влијание врз цврстината и издржливоста на коските и забите, притоа спречувајќи појава на болести поврзани со стареењето како што е остеопорозата.
- Добри се за срцето
Мононезаситените масти, протеините и калиумот, кои се содржани во бадемите, се алатка за одржување на здравјето на срцето. Витаминот Е е ефикасен антиоксиданс и исто така го намалува ризикот од срцеви заболувања. Присуството на магнезиум во бадемите може да помогне во спречување на срцев удар. Високата содржина на фолна киселина, од друга страна, помага да се намали нивото на хомоцистеин – супстанцијата која е главниот виновник за таложење на масни наслаги во артериите. Покрај тоа, флавоноидите во кожата на бадемот се комбинираат со витаминот Е за да формираат моќен штит против оштетување на ѕидовите на артериите. Истражувањата покажуваат дека краткорочната исхрана збогатена со бадеми ја подобрува васкуларната функција кај асимптоматските здрави мажи на возраст меѓу 20 и 70 години.
- Зајакнување на имунолошкиот систем
Човечкото тело има многу компоненти кои придонесуваат за целокупното здравје, вклучувајќи ја и алкалноста на системите. Бадемите се одличен извор на алкални материи, кои помагаат во зајакнување на имунолошкиот систем. Бадемите имаат способност да ги пронајдат штетните слободни радикали во телото и да ги елиминираат.


