(ВИДЕО) ОВА Е ЖЕНАТА СО НАЈДОЛГАТА КОСА НА СВЕТОТ

Со коса долга 236,22 см, Смита Шривастава од Утар Прадеш, Индија го постави светскиот рекорд за најдолга коса на жив човек. 46-годишната Индијка ја расте косата од својата 14-та година. Таа е инспирирана од нејзината мајка, чиишто гени ги признава за „здравиот и брз раст“ на нејзината коса.

Дополнително, Смита се стреми да го имитира стилот на хинди актерките од 1980-тите кои имаа „долга и убава коса“.

„Во индиската култура, божиците традиционално имаат многу долга коса. Во нашето општество се смета за неповолно да се шиша косата, а колку е подолга, толку жената е поубава’.

Смита обично ја мие косата два пати неделно. Целиот процес на миење, сушење, четкање и стилизирање трае до три часа секој пат.