Денешниот рецепт е толку вкусен што сме сигурни дека ќе ви се допадне и на вас. Не ви треба повод да го направите и зошто да не се разгалите?
Состојки:
• 230 гр. козјо сирење, омекнато на собна температура
• 1 лажиче мед
• 1 лажиче млеко
• 1/4 лажиче сол
• 1 чаша ореви, ситно сецкани
• 6 парчиња сланина, пржени додека не станат крцкави
• 2 лажичиња сув магдонос
Подготовка:
Во мала тава пржете ги оревите на средна температура околу 5 минути. Внимателно гледајте ги и мешајте ги без престан. Оставете ги да се изладат целосно. Измешајте ги пропржените ореви, испржената сланина и магдоносот во сад.
Измешајте го козјото сирење, медот, млекото и солта во голема чинија. Формирајте топчиња од 3-5 см и внимателно превртете ги во смесата со ореви и сланина. Ставете ги во тавата покриена со хартија за печење. Ставете ги во фрижидер најмалку 30 минути. Извадете ги 30 минути пред јадење. Послужете ги со потпечени лепчиња или со крекери.
На здравје!