ВОВЕД ВО НОВАТА ЕКОНОМИЈА ФОКУСИРАНА КОН ВРЕДНОСТА НА ПОЕДИНЕЦОТ

Можеби сте забележале дека другите околу вас го менуваат начинот на кој работат, членови на семејството мистериозно заработуваат повеќе пари, некои пријатели имаат слободно време во екот на работната недела. Луѓето ја имаат преземено одговорноста над нивната иднина.

„За вистински да се поставите на патот кон финансиска слобода”, вели авторот и бизнис тренер Тони Робинс, „првиот чекор е навистина да одлучите дека веќе нема да бидете само потрошувач, туку ќе бидете и сопственик… Мора да одлучите, наместо да бидете дел од фигурите во шахот, ќе станете шахист”.



Денес шахистите, како што ги нарекува Робинс, се дел од растечката глобална мрежа на луѓе кои ја преземаат иднината на работата во свои раце. Тие споделуваат ресурси и технологија, добиваат проекти преку веб страни креирани со таа цел, создаваат „freelance” бизниси и иновативни методи за генерирање приходи. Го применуваат своето искуство на нови начини, учат нови вештини и се приклучуваат на бескрајните ресурси за обука и поддршка.


Тие го дизајнираат својот живот, издвојуваат време за семејството и градат професии врз основа на нивните интереси. Живеат онака како што сакаат, прават работи што ги сакаат и заработуваат колку што сакаат!