Сувата, оштетената и фарбаната коса бара посебна нега, па ако купените производи не ви делуваат доволно хранливо, секогаш можете да се одлучите за некои домашно подготвени маски.
Помешајте една лажичка јаболков оцет, две лажички маслиново масло и три белки. Сето тоа изматете го добро, па смесата нанесете ја на косата. Потоа покријте ја со пластична фолија, па измијте ја по еден час.


