ЗАБАВЕН ТЕСТ: ШТО ВЕ ОЧЕКУВА ВО ЉУБОВТА?

За овој тест ќе ви бидат потребни пенкало и лист хартија, како и неколку минути слободно време. Со цел да го добиете најточното решение, одговарајте ги прашањата по ред, искрено, а потоа погледнете ги одговорите. Можете да го тестирате и вашиот партнер, пријателите и колегите.



Тест: Што ве очекува во љубовта?

  1. Сте тргнале кон домот на вашиот партнер. Постојат 2 патишта кои водат до таму, еден води право кон вашата дестинација и е многу поблиску, но е премногу едноличен и досаден. Другиот е значително подолг и покомплициран, но е многу живописен и полн со интересни детали. Кој пат ќе го одберете? Краткиот или долгиот?
  2. На вашиот пат натаму налетувате на две грмушки со ружи. Едниот е составен од црвени ружи, а другиот го красат бели ружи. Одлучувате да одберете 20 ружи и да му/ѝ ги однесете на вашиот љубен/а. Колку од овие ружи ќе бидат црвени, а колку бели? Било која комбинација е дозволена.
  3. Конечно стигнувате до неговиот/нејзиниот дом, заѕвонувате на вратата и ве пречекува друг член од семејството. Дали ќе им кажете да го/ја повикаат или самите ќе отидете по него/неа?
  4. Одите кон неговата/нејзината соба, но таму нема никој. Токму затоа решавате да ги оставите ружите во собата. Дали ќе ги сместите на прозорецот или на креветот?
  5. Вечерта вие спиете во една соба, а вашиот партнер во друга. Наутро кога ќе се разбудите одите до неговата/нејзината соба и што мислите, дали тој/таа сè уште ќе спие или ќе биде буден/будна?
  6. Подоцна кога ќе се враќате накај дома, ќе го изберете пократкиот или подолгиот пат?

    Одговори:
  1. Патот кон домот на вашиот партнер го претставува временскиот период кој ви е потребен за да се заљубите во некој. Доколку сте го избрале пократкиот пат, вие се заљубувате брзо, па овие романси не траат долго. Доколку сте го избрале подолгиот пат, вие не се заљубувате така лесно.
  2. Бројот на црвените ружи претставува колку вие давате од себе и од своите искрени емоции во некоја врска. Белите ружи ја претставуваат количината на емоции и труд кои ја очекувате од вашиот партнер. На пример, доколку сте избрале 17 црвени ружи и само 3 бели ружи, тогаш вие давате многу повеќе отколку што очекувате да ви се врати. Овие личности најчесто се многу несреќни во љубовта.
  3. Ова прашање го претставува начинот на кој вие ги решавате проблемите во врската. Доколку сте избрале да замолите некој член од неговото/нејзиното семејство да го повика, тоа значи дека вие не се одлучувате лесно на решавање, туку постојано ги избегнувате. Исто како искрените разговори. Вие очекувате проблемите да се решат сами од себе, а тоа најчесто не се случува. Доколку сте избрале да го најдете вашиот партнер сами, тоа значи дека сакате да се соочувате директно со проблемот и да го решите веднаш. Вие сте директна и праведна личност.
  4. Местото каде што сте одлучиле да ги оставите ружи укажува на тоа колку го/ја сакате момчето/девојката. Доколку сте ги оставиле на креветот, вие сте многу заљубени и не можете да го замислите вашиот живот без оваа личност. Доколку сте ги оставиле на прозорецот, тоа значи дека не ви пречи дури ни доколку неколку дена не се видите со вашата „љубов“. Вие сте волк самотник.
  5. На овој начин можете да дознаете што очекувате од врската во која се наоѓате. Доколку сте го нашле својот партнер како спие, тогаш вие го сакате онаков каков што навистина е. Доколку сте го пронашле буден, вие очекувате тој да направи големи промени во својот живот.
  6. Последниот избор укажува на тоа колку време останувате во врски. Доколку сте го избрале пократкиот пат, вашите романси брзо завршуваат, а доколку сте го избрале подолгиот пат, вие преферирате да останете со некој во долга врска, среќни и задоволни.