На жените им треба најдобра пријателка со која можат да споделат сè, која ќе биде тука за нас дури и кога правиме некоја глупост… едноставно затоа што таа не сака. Еве 12 знаци дека сте имале среќа да ја најдете.
- Секогаш ви ја кажува вистината, дури и кога е непријатно. „Не, не изгледаш добро во тие фармерки“.
- Можете да поминувате часови заедно без ниту да разменувате збор, а сепак да се чувствувате добро. Особено на долги патувања.
- Ако некој не ви се допаѓа, веројатно и таа не го сака.
- Често си ги завршувате речениците. Тоа се случува цело време.
- Нејзините родители ве прифаќаат како нивно дете. Се разбира, ова има свои добри и лоши страни.
- И двете ја знаете најфотогеничната страна на другата. Затоа вашиот Фејсбук е полн со прекрасни фотографии.
- Не се грижите ако случајно подригнете или испуштите гасови додека сте заедно. Се разбира, подобро е да не, но и тоа се случува.
- Иако можеби ќе се мажи за 5 години, вие веќе знаете што ќе кажете на нејзината свадба.Затоа што очигледно ќе и бидете кума.
- Не е важно што ќе бидете разделени некое време, бидејќи кога ќе се сретнете, сè ќе биде по старо.
- Она што е твое е нејзино. И обратно. Нема потреба да се извинувате што ги користевте нејзините работи.
- Парите не се проблем. Ако вашата најдобра пријателка има потреба, секогаш ќе и давате.


