ЗНАЦИ КОИ ПОКАЖУВААТ ДЕКА ТОЈ Е ВИСТИНСКИОТ ЗА ВАС

  1. Ве засмејува
    Смислата за хумор е многу важна особина и една од најпривлечните кои човекот ги има. Заедничките шеги, насмевките и задевањето ги зближуваат луѓето дури и во лоши ситуации. Ако смеењето и забавата се застапени во вашата врска, и покрај тоа што сте долго време заедно, негувајте го тоа за да можете така да се смеете и кога ќе остарите.
  2. Сакате исти работи во животот
    Вие сакате дете, а и тој го сака тоа, вие сакате да патувате, а тој веќе планира каде ќе одите. Според љубовните терапевти, тоа е рецепт за траен однос. Тие истакнуваат дека и покрај тоа што компромисот е задолжителен во врската, луѓето кои премногу се прилагодуваат, го губат чувството за сопствениот идентитет и на крајот тоа му го замеруваат на партнерот.
  3. Најубави сте му без шминка
    И покрај тоа што можеби ви се чини дека ве лаже кога ви зборува дека сте му најубави без шминка, многу е веројатно да ја зборува вистината. Мажите кои постојано ги поттикнуваат партнерките да се дотеруваат, да се облекуваат заводливо и многу да се шминкаат, најчесто се заљубени само во нивниот надворешен изглед. Ако за некого сте убави, убави сте му секогаш, па дури и кога сте облечени во обична тренерка.
  4. Свесни сте за неговите мани, но сеедно го сакате
    Многу е погрешно да мислите дека најдобриот партнер за вас не треба да има мани или барем не оние кои вас ве нервираат. Со тоа што ги забележуваме, покажуваме дека сме рационални во љубовта, а со тоа што сме свесни за нив, му покажуваме на партнерот дека го сакаме штом сме сè уште со него и покрај неговата несовршеност.
  5. Ве поддржува во сè што сакате да направите
    Ако сакате да напредувате на работното место, да скокате со падобран или само да излезете со пријателките на пијалак, вистинскиот партнер ќе ве поддржи во вашите желби. Кога две личности вистински се сакаат, тоа подразбира меѓусебна толеранција и почитување, но ако на оној другиот желбите му се сосема неразбирливи, треба да се запрашате дали имате слични ставови и желби во животот.
  6. Му верувате потполно
    Ако некогаш во минатото сте биле повредени и ви се чинело дека никогаш повторно нема да му верувате некому, вистинскиот партнер ќе ве разувери. Тој ќе се потруди да ја заслужи вашата доверба, на тој начин што ќе го исполни тоа што ќе го каже и ќе ве почитува. И покрај тоа што неограничената доверба е ретка, скоро невозможна, доволно е да му верувате 99% за да имате складен однос.
  7. Се будите среќни секој ден
    Наутро кога се будите и ќе го видите него, добивате желба да го прегрнете и бакнете. Ако е така, тоа е доказ за вашите вистински чувства и задоволство. Доколку не можете да замислите никој друг покрај себе и сте толку среќни и задоволни, многу е можно токму тој да е најдобрата опција за партнер за вас.