Можеби секоја жена знае за бројните придобивки од мајчиното млеко, кое обезбедува се што му е потребно на сè уште кревкото бебе. Дури и ако, поради една или друга причина, го доите вашето малечко на краток временски период, неговиот имунолошки систем ќе има огромна корист од мајчиното млеко.
Еве зошто треба да изберете да доите ако можете:
Мајчиното млеко е најкомплетниот облик на исхрана за бебето. Всушност, мајчиното млеко содржи прецизна количина на масти, шеќер, вода и протеини кои на секое новороденче му се потребни за да расте и да се развива. Ова е причината зошто доењето е толку важно.
Предвремено родените бебиња кои се хранети со мајчино млеко се развиваат подобро од оние кои се хранети со вештачко млеко.
Мајчиното млеко содржи антитела кои му помагаат на новороденчето подобро да се заштити од бактерии и вируси. Доените бебиња имаат посилна отпорност на инфекции и болести како што се: дијареа, инфекции на увото, алергии и астма. Поретко се разболуваат.
Кога доите, нема шишиња и цуцли кои треба да се стерилизираат. Мајчиното млеко е секогаш стерилно (чисто).
Доењето користи дополнителни калории, што го олеснува губењето на тежината во бременоста. Исто така, помага на матката да се намали во нејзината нормална големина и го намалува крварењето што жената може да го има по породувањето.
Доењето го намалува ризикот од рак на дојка и може да го намали ризикот од рак на јајниците.
Секако, да не заборавиме дека доењето може да ја зајакне врската помеѓу мајката и бебето. Физичкиот контакт е важен за новороденчето и може да му помогне да се чувствува посигурно.


