ЗОШТО НЕ МОЖЕТЕ ДА СЕ ЗАЉУБИТЕ ВО СОВРШЕНИОТ МАЖ?

Секoj сака среќа во љубовта. Ако сте едни од оние кои се надеваат дека ќе најдат совршен партнер со кој ќе бидат во вистинска хармонија, не сте сами.

Идеите за совршениот партнер обично вклучуваат листа на квалитети кои мажот треба да ги поседува. Можно е да сретнете таква личност која ги исполнува сите критериуми, но поради некоја причина не ви го привлекува срцето на начин на кој се очекува тоа да се случи, иако изгледа совршен за врска.

Зошто не можете да се заљубите во совршениот маж?

Критериумите за совршен маж не се ваши критериуми
Критериумите за идеален партнер се имплицитно определени од ставовите на јавноста и социјалните стереотипи. Општо се верува дека совршениот маж треба да биде интелигентен, со смисла за хумор, со добра професија и позиција, да не пие и да нема пороци, да биде внимателен кон жената до него. Сето ова е прекрасно, но поради некоја причина, кога ќе сретнете таков прекрасен маж на прв поглед, воопшто не ве привлекува. Можеби една од причините за тоа е што овие критериуми не ви се толку важни и не ви го трогнат срцето толку многу како другите квалитети што ги барате кај мажот.



Вие не сте подготвени
Многу луѓе бараат љубов без да сфатат дека не се подготвени за неа. Постојат фази и периоди во животот кои нè тераат да паузираме некое време, да се вклучиме во себе, да обрнеме внимание на нашите вистински потреби и да ги разбереме и да ги сфатиме нашите претходни грешки. И токму во вакви моменти можеби не сте подготвени да се заљубите, иако совршениот потенцијален партнер е токму пред вас.

Нема хемија
Една од најочигледните причини зошто вашето срце е рамнодушно кон инаку совршениот маж кој стои пред вас е тоа што едноставно нема хемија. Дури и да е совршен според вашите критериуми, и општествени, да нема хемија, љубовта тешко дека ќе процвета. Потребна е искра за да се запали пожар. Ако нема страст, ниту совршениот маж не би го освоил вашето срце.

Сакате некој друг
Има ситуации кога веќе сте си заминале од врската, но вашето срце сепак му припаѓа на бившиот. Во вакви моменти, тешко е повторно да се заљубите, дури и во совршениот маж. Исто така, можно е да ве привлекува маж кој баш не одговара на идеите за идеален партнер, што ве спречува да обрнете внимание на оној кој всушност ги исполнува критериумите.

Едно е сигурно – во љубовта важни се критериумите за избор на партнер, но не се единствениот фактор кој може да ви помогне да создадете врска. Ако го слушате своето срце, но сте способни да судите со вашиот ум, ќе ви биде полесно да ги проширите хоризонтите и да го отворите умот за нова љубов.