ЗОШТО ‘РЧИМЕ?

Да поедноставиме, луѓето ‘рчат поради блокирање на дишните патишта. Блокирањето може да се создаде поради преголемо опуштање на мускулите на грлото и јазикот. Ова полесно може да се случи доколку пред заспивањето сте консумирале одредена доза алкохол или пак некои апчиња.

Индивидуално, лицата со поголема тежина и подебели вратови се склони кон оваа непријатна навика, повеќе од останатите.

Спиењето на грб исто така помага при ‘рчењето. Ова се случува бидејќи додека спиете на грб, гравитацијата го повлекува јазикот и вилицата надоле, при што се блокираат патиштата.

Начини за спречување на ‘рчењето

Да започнеме од најочигледните и наједноставните. Поставете неколку перници зад главата за да ја подигнете и за да го попречувате блокирањето. Практикувајте да користите потврди перници доколку се справувате со овој проблем и избегнувајте да спиете на грб. Секогаш погрижете се ноздрите да ви бидат убаво прочистени.

Ослабете некој килограм. Намалувањето на телесната тежина навистина многу може да ви помогне при решавањето на овој проблем.

Избегнувајте млечни производи пред легнување. Млечните производи предизвикуваат поголемо создавање на слуз што може да му овозможи на процесот да се забрза. Пробајте да избегнувате големи и тешки оброци непосредно пред заспивањето. Исто така, обавезно избегнувајте алкохол во вечерните часови.

Откажете ги цигарите. Пушењето од која било гледна точка е лошо за вашето здравје. Пушењето може да го потпомогне ‘рчењето бидејќи ja влошува состојбата на ткивото на грлото, предизвикувајќи негова поголема вибрација.

Операција за спречување на рчењето

Според истражувањата, четвртина од населението на земјата ‘рчи. Иако најчесто проблем претставува позиционирањето на вратот и телото или пак лошата перница, сепак има индивидуи кои веќе се изморени да ги пробуваат овие природни начини. Операција се изведува така што се отстранува дел од задното ткиво што го предизвикува ‘рчењето. Откако ткивото ќе се отстрани преку едноставната процедура, патиштата многу полесно ќе се отвораат. Ова ќе го елиминира вашиот проблем засекогаш, а и партнерот конечно ќе може убаво да се наспие.