ЗОШТО ТРЕБА ДА БИДЕТЕ ПРЕТПАЗЛИВИ АКО СТАВАТЕ ЛИМОН НА ЛИЦЕТО?

Сокот од лимон и лимонот често се користат при домашна нега на кожата бидејќи лимонската киселина е природен пилинг. Широко се верува дека лимонот може да ги ублажи акните, воспаленијата, да го намали лачењето на себумот, да го стимулира обновувањето на клетките на кожата и да ја ексфолира кожата, отстранувајќи ги мртвите клетки.

Сепак, лимонската киселина е доста силна и може да предизвика некои кожни проблеми кои ја влошуваат состојбата на кожата на лицето наместо да ја подобруваат.

Сокот од лимон навистина има својства што го прават потенцијално моќен подобрувач на кожата. Неговата содржина на природна киселина може да го намали воспалението кај акните и да ја намали количината на себум што ја лачат лојните жлезди. Лимонска киселина има и антимикробни и антифунгални својства кои можат да имаат корисен ефект врз состојби како што се себореичен дерматитис и други осипи предизвикани од кандида, пишува healthline.com.

Но, високата киселост на лимонот може да предизвика интензивна иритација на кожата, да ја зацрвени, да ја направи премногу сува, болна и ронлива. Пилингот што лимонската киселина и го прави на кожата може да ја направи поранлива на сончевата светлина. Ова создава дополнителни услови за иритација и подложност на повреди.



Комбинацијата на цитрусови сокови и влијанието на УВ зраците предизвикува плускавци на кожата. Состојбата е позната како фитофотодерматитис. Остриот кисел сок од лимонот ја прави кожата поподложна на сончевите зраци, а нивното согорување е неколку пати полесно отколку во другите случаи.

Ако сѐ уште одлучите да користите лимон за пилинг и чистење на кожата, бидете внимателни со количината што ја користите. Не треба да надминува ½ лажичка измешана со есенцијално масло, маслиново масло на пример. Никогаш не ставајте лимонска киселина директно на кожата без да ја растворите во друга супстанца.