Железото е неопходно за градење на протеинот хемоглобин, кој е од витално значење за растот на детето, транспортот на кислород до клетките во телото преку крвта, но и за развојот на мозокот.
На возраст од 6 месеци, бебето има резерви на железо, кои постепено почнуваат да се намалуваат.
Се препорачува дополнително внесување на железо преку витамини или храна богата со него. Железото се апсорбира со додавање на витамин Ц во менито на детето.
Некои од најбогатите намирници со железо се:
Црниот дроб
Сардини
Пилешко и говедско месо
Жолчка
Грашок
Брокула
Лиснат зеленчук (спанаќ)
Зелен и зрел грав
Леќата
Наут
Секогаш консултирајте се со педијатар или општ лекар пред детето да почне да зема какви било додатоци.


