3 ЕДНОСТАВНИ РЕЦЕПТИ ЗА ЗДРАВ , ВКУСЕН, ОСВЕЖИТЕЛЕН СЛАДОЛЕД

Сладоледот може да биде вкусен и здрав истовремено. Ви претставуваме три едноставни рецепти за правење сладолед кои ќе ве воодушеват со нивниот вкус. За да го направите, не ви требаат многу состојки или посебни вештини, туку само малку напор и добра волја

Сладолед од малина

Состојки:

  • 4 чаши свежи или замрзнати малини
  • 2 грчки јогурти
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2 лажички сируп мед или агава
  • лисја од нане за украсување

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во мешалка и измешајте. Ставете го во садови и оставете да замрзне. Послужете со лисја нане.

Чоколаден сладолед

Состојки:

  • 3 замрзнати банани
  • ½ чаши органско какао
  • 1 чаша кокосово или бадемово млеко
  • ½ чаша исецкано чоколадо

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендерот, освен чоколадото. Измешајте и на крај додадете го и чоколадото и промешајте. Префрлете се во сад и оставете го во замрзнувач околу два часа.



Сладолед од авокадо

Состојки:

  • 3 зрели авокадо
  • 100 мл слатка павлака
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица какао

Подготовка:

Прво изгмечете го авокадото со вилушка. Ставете го пирето од авокадо во мешалка, заедно со сите други состојки. Измешајте и префрлете во сад, па ставете во замрзнувач неколку часа. По желба украсете со чоколаден прелив пред сервирање.

На здравје!