Без разлика дали ги држите велигденските пости или сте вегански, еве лесен рецепт за торта без производи од животинско потекло.
Потребни состојки:
100 мл црн чај
100 гр урми, ситно исецкани
100 гр суво грозје
150 гр меласа
50 гр кафеав шеќер
250 гр брашно
2 лажички прашок за пециво
прстофат сол
2 добро созреани банани, пасирани
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 160 степени целзиусови. Калапот за торта покријте го со хартија за печење.
Додадете сецкани урми и суво грозје во сè уште топол чај. Лесно загревајте ја меласата и шеќерот, промешајте додека не се изедначи. Тргнете го од оган и оставете да се излади.
Ставете го брашното, прашокот за пециво и малку сол во сад. Во друг сад измешајте ја меласата, пасираните банани и чајот со натопено суво овошје. Потоа комбинирајте ги сите состојки, измешајте добро и истурете во садот за торта. Печете на 160С околу 50-60 минути. За да пробате дали е добро испечено, користете чепкалка за заби – ако излезе сува – тортата е подготвена.
На здравје!