ИЗДРЖИ

Запомни, убавице – сите борби што сега ги водиш, сите непријатели што на патот ти стојат, сите сакани што ти прават тежини, сите кариери што сметаш дека не ти одат,
сите тие, драга моја,
само ќе те направат посилна.
И кога тој ден ќе дојде, ќе смислиш како треба да постапиш.
Сега само ти е тешко.
Тажна си,
Разочарана си.
Расеана си.
Изморена си.
Издржи.
Ќе биде многу подобро.

Автор: Марија Лозаноска