НИКОГАШ НЕ СУМ ГИ САКАЛА ГРУПИРАЊАТА…

Никогаш не сум ги сакала групирањата. Оние – цела толпа против еден човек.
Цел чопор.
Цела глутница.
Се собрале како наречници и коментираат.
И најчесто ништо не е точно од сето тоа.
Еден ќе каже едно, друг друго, трет ќе нападне, четвртиот ќе го исплука, па сè до десеттиот кога ќе му ја изврти целоснта слика на таа личност.
Не ги сакам затоа што тоа не се природни збиранки. Не сакам збиранки од корист. И не кога таа корист е за да се воздигнете вие и околината да ја направите подолна.
Пробајте така сами.
Пробајте без лажното бодрење на другите да се издигнете.
Не се соединувајте со другите за да урнете некој подобар од вас.
Соберете се за да подобрите некој од нас.
Што кога ќе го соборите?
Ќе се туркате до врвот меѓусебно.
Не ги сакам таквите збиранки.
Не ми се природни.
Не сакам еден главен, другите прособрани.
Ако нема спонтаност, смеа, духовна поддршка, семејна топлина, тоа не е вистинскиот повод за групирање.
Не бидете дел од чопор кој лае.
Затоа што ќе лаете само затоа што другите лаат.
Осамете се пред да се здружите.
Мора да знаете каде припаѓате.
Мора да бидете истите.
И кога сте сами и кога сте во група.
Никако поинаку.

Автор: Марија Лозаноска