Ги има оние моменти кога самотијата ќе ти чукне на вратата. Мислиш дека ти си виновникот.
До некаде и си.
Имаше тежок период.
Имаше зафатен период.
Имаше тажен период.
Немаше никаква поврзаност со светот наоколу. Ги имаше отфрлено заради различни причини.
Не те разбираа.
Ти викаа ‘не ти е ништо’.
Не знаеја колку ти е тешка работата.
Си бараа други: послободни, понекомплицирани, повесели, со убави периоди.
Твојата тешкотија заврши. Погледнуваш наоколу, пробуваш да ги побараш истите луѓе.
Не е исто.
Не си истиот.
Можеби не остави место за нив, но ни тие не те разбраа што правиш и да те почекаат.
Самотијата не е поради немањето луѓе наоколу.
Самотијата е надминувањето.
Надраснувањето.
Сакаш да ги побараш, но немате муабет.
Сакаш друштво, но не и оние што не те разбраа додека тонеше, работеше, плачеше.
Во ред е.
Помини низ самотијата.
Таа ќе те однесе до оние вистинските.
Со кои нема да пиете само кафе.
Туку и ќе си го разберете животот.
Автор: Марија Лозаноска