-Погледни ги ѕвездите.
-Ох, но тие се толку далеку.
-А, што ако ти си им далеку?
-Зарем јас за нив сум таа што е недостижната?
-Да, исто како што ги правиме луѓето недостижни ние самите, така и ти за ѕвездите си недостижната.
-А, недостижна сум и за луѓето?
-Само ако посакаш и така се поставиш.
-Но, како ќе живеам сама?
-Недостижна ѕвезда ќе бидеш само за тие што нема да им дозволиш да ти бидат блиску.
-А, за саканите?
-И за нив ќе бидеш ѕвезда. Но, онаа што им го осветлува патот.
Автор: Марија Лозаноска
Писателката од Лозана