ОВА ЛЕТО НИШТО НЕМА ДА ВЕ ОСВЕЖИ КАКО КОКТЕЛ МАРГАРИТА ОД ЛУБЕНИЦА!

Состојки:

  • 30 мл сок од лимета,
  • 30 мл сируп од агава,
  • 30 мл сок или пире од лубеница,
  • 45 мл текила,
  • 3 лисја од нане.

И кога веќе можете да си дозволите убаво задоволство кое вклучува алкохол, направете го тоа со стил – сигурно ќе сакате да пробате маргарита од лубеница според рецептот на Рис.

Напитокот, кој содржи и огнена текила, всушност е дополнително збогатен со освежителна лубеница полна со витамини и минерали. Лубеницата е, меѓу другото, одличен извор на витамин Ц, витамин А, калиум, магнезиум … содржи многу течности и има многу малку калории. Непотребно е да се напомене дека е вкусна состојка во алкохолен пијалак што може да стане ваш омилен ова лето.