Ви претставуваме оригинален рецепт за вкусни тестенини. Со него можете да уживате во вкусот на Италија.
Потребни состојки:
450 грама шпагети
250 грама сланина
100 грама рендано овчо сирење
4 жолчки од јајце
1 лажица сол
1/4 лажичка црн бибер
Пармезан
Начин на подготовка:
Ставете вода во тенџере и откако ќе зоврие, додадете ги шпагетите и малку сол. Гответе онолку долго колку што пишува на пакувањето со шпагети.Потоа процедете ги. Испржете ја сланината во тава и додадете ја во шпагетите. Додадете ги црниот бибер, овчото сирење и жолчките во сад, добро измешајте. Истурете ја смесата врз шпагетите и промешајте повторно. Кога служите, зачинете со црн бибер и пармезан.
На здравје!