Секогаш се прашувам што сакам да бидам кога ќе пораснам. И не, тоа не е прашање само за дете.
Секој возрасен треба одвреме навреме да си го постави тоа прашање.
Зошто мислиш дека си пораснал само затоа што си доволно возрасен за да имаш лична карта?
Мислиш, си наполнил над 30 и знаеш што правиш со животот?
Имаш над 40 и веќе си најголемиот мудрец?
Не, драг мој, не си воопшто пораснат ако го кажеш тоа, дека си пораснал.
Оти оној, кој го сфатил животот, знае дека секој ден учи.
Апсолутно.
До последниот миг учи.
И никогаш немој да престанеш да сонуваш. Сонувај да бидеш секогаш подобриот човек од вчера. Од денес.
Не мора кариерно.
Не мора семејно.
Само ти.
Пред себе да имаш мир.
И кога ќе сфатиш дека никогаш нема да пораснеш сосема, тогаш вистина си пораснал.
Автор: Марија Лозаноска
Писателката од Лозана