Ќе дојде еден период каде што ќе си речеш ‘доста е’. Доста истражував, доста анализирав, доста се споредував, доста учев.Ќе си речеш дека доста се трудев, доста се грижев, доста плачев, доста се обвинував, доста простував, доста бев на резерва.Доста внимавав.Доста прекумерно љубев.Ќе дојде период каде што ќе постоиш само ти.Доста себичен, затворен, нежелен за внимание. Оној обратниот, од претходно.Ќе бидеш доста желен за своите способности.Кога ќе му речеш доста на стариот.Оти постојано мислеше дека не си доволен. Чекај ми треба ова, чекај не сум доволно добар, чекај да се променам.И чекаш, а светот се движи.Не те чека тебе да се промениш.Не те прашува.Тргни.Таков каков што си.Никој не е совршен.Најмалку оној што се прави.Оти, драг мој, кога ќе ја достигнеш совршеноста на својот ум, тело и благосостојба, тогаш ќе сфатиш дека ништо не е совршено.И токму во тоа е убавината.Доста.Престани.Почни да бидеш само ти.
ДОСТА Е
