Ех, колку ми недостига
детството поминато низ
татковата ми рака.
Тој татко мој,
кој ме милуваше и
ми раскажуваше најубава бајка.
Колку недостигаш татко ти,
од рано детство па сè до денес,
со очи да ме искараш и
за рака да ме прошеташ.
Секој ден кон небото гледам јас
со длабока надеж
дека ќе ги здогледам
твоите очи во небото секој час.
Ох, колку ми фали дедовата мудрост
што блика од неговата глава.
Колку ми недостасуваш мој мил дедичко,
партија тонч да изиграме,
па дамата со гравчиња и пиончиња
да ја постелиме,
за победа да се надитриме.
Колку ли само,
недостигаат детските безгрижни денови
и никогаш повторени,
по улици детскиот џагор
и скршениот прозор од топка
единствената главоболка и мака да ни биде.
Вистинското другарство веќе го нема,
па сите сами плаќаме тешка цена,
фалат тајфите збрани
за неволји разни и скриени тајни,
што прекрасни мигови плетеа
така спомени засекогаш остануваа.
Ох, колку недостига
слободно да дишиш,
по паркови да кисниш,
слободно да вриштиш
па дури и да кивниш.
Автор: Марија Симоноска