Никој нема да те сака како тебе.
Никој нема да те уништи како ти самиот.
Никој нема да те утеши како што ти можеш.
Никој нема да те мотивира како ти.
Никој нема да те излекува освен ти.
Никој нема да те сака без разлика на сè освен ти.
Луѓето си заминуваат.
Луѓето отсакуваат.
Луѓето се премислуваат.
Сите сме сами во своите кошмари.
И само ние ги гледаме колку сликовито и да ги прераскажуваме.
Биди си сè.
Автор: Марија Лозаноска
Писателката од Лозана